6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2014: Европски судир во бразилската џунгла (Англија-Италија)

СП 2014: Европски судир во бразилската џунгла (Англија-Италија)

anglija italija

Англија ќе ги одмери силите против Италија во вториот супермеч од програмата на СП 2014, откако синоќа Холандија го декласираше актуелниот првак Шпанија во репризата на финалето од пред 4 години. „Трите лава“ и „азурите“ се меѓу големите сили во фудбалот, но многумина ги отпишуваат од групата на фаворитите за титулата во Бразил. Британците по традиција не успеваат на најголемиот форум, не сметајќи го првенството во 1966-та година, кога како домаќини стигнаа до титулата, а Италија не е во најдобра состојба и неодамна во контролниот дуел, дури не успеа да го победи Луксембург.

Натпреварот ќе се одигра од 00.00 часот по македонско време во Манаус. Тревата на стадионот „Арена Амазонија“ беше во многу лоша состојба на помалку од 24 часа пред почетокот на дуелот, но организаторите уверија дека ќе се справат со проблемот. Високата влажност во бразилската џунгла исто така ќе биде проблем за фудбалерите, а очекувањата се дека за време на натпреварот температурата ќе надмине 30 степени.

Дефанзивецот на Италијанците Матија де Шиљо се повреди и тоа ќе го натера селекторот Чезаре Прандели да направи некои промени во составот. Најверојатно искусниот Џорџо Киелини ќе игра како лев бек, а во срцето на одбраната ќе се здружат Леонардо Бонучи и Андреа Бардзали. И покрај добрата форма на Чиро Имобиле, фаворит да го води нападот на „азурите“ е Марио Балотели, а главна фигура во средината на теренот повторно ќе биде ветеранот Андреа Пирло.

За Англија се очекува во нападот да започне Даниел Стариџ, а зад него да дејствуваат Вејн Руни, Дани Велбек и Адам Лалана. Можно е како стартер да излезе и крилото на Ливерпул, Рахим Стерлинг. Во средниот ред ќе играат други двајца фудбалери на Ливерпул – Стивен Џерард и Џордан Хендерсон, а одбраната пред Џо Харт ќе ја сочинуваат Глен Џонсон, Фил Јагиелка, Гери Кејхил и Лејтон Бејнс.

Во другиот натпревар од групата ќе се сретнат Уругвај и Костарика (21:00). Уругвајците, полуфиналистите од претходниот Мундијалот, се апсолутни фаворити, но ќе бидат без големата ѕвезда Луис Суарез. Напаѓачот веќе е опоравен од повредата, но селекторот Оскар Табарес најави дека ќе го остави на клупата.

Инаку на првиот дуел кој е закажан за 18:00 часот, Колумбија без Радамел Фалкао ќе се обиде да ја надигра селекцијата на Грција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП