26 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФИБА одлучи Украина да не биде домаќин на европското во 2015-та

ФИБА одлучи Украина да не биде домаќин на европското во 2015-та

ukraina evropsko kosarka

Украина нема да биде домаќин на европското првенство во кошарка во 2015-та година, така денеска беше одлучено на денешната седница на Бордот на европската кошаркарска федерација ФИБА Европа (FIBA Europe).

„Одлуката беше донесена по внимателно разгледување на моменталната политичка ситуација и проблемите со безбедноста во Украина, кои се сметаат за неповолни за спроведување на такво натпреварување“, објавија од федерацијата.

Од ФИБА Европа додаваат дека ги вреднуваат напорите од Украинската кошаркарска федерација, силните перформанси и шестото место на националниот тим на Европското првенство во 2013-та година, како и пласманот за светското првенство во Шпанија, оваа есен.

Поради оваа причина, одборот одлучил веднаш да започнат преговори со Украина за домаќинство на европското во 2017-та година, кои ќе бидат водени од претседателот на ФИБА Европа Тургај Демирел и генералниот секретар Камил Новак.

Сите земји кои сакаат да добијат право да го организираат Еуробаскет 2015, можат да ги поднесат своите кандидатури до 31-ви јули. Изборот на домаќин се очекува до 30 септември, објавија од ФИБА Европа.

Одборот одлучи Европското првенство следната година да се одржи меѓу 5 и 20 септември, како и да го забрза новиот систем на водење на шампионатот.

Првично се предвидуваше групните фази да бидат намалени од две на една за Еуробаскет 2017, но тоа ќе се случи уште на Еуробаскет 2015. Учесниците повторно ќе бидат 24 или по шест во четири групи, но потоа веднаш ќе почне елиминација, а не како досега – да се формираат нови две групи од по шест тима.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП