27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2014: Според Гулит одбраната е најголем проблем за Холандија

СП 2014: Според Гулит одбраната е најголем проблем за Холандија

rudd gulitt

Познатиот репрезентативец на Холандија, Руд Гулит му порача на селекторот Луи ван Гал да посвети внимание на одбраната за премиерниот натпревар со Шпанија.

„Холандија делува одлично во нападот со Ван Перси, Робен и Снајдер. Од друга страна, потенцијален проблем е одбраната, па Ван Гал ќе мора да внимава на составувањето на дефанзивната линија, затоа што ја сочинуваат млади играчи“, смета Гулит.

Шпанија и Холандија ќе се состанат на отворањето на Групата Б, а тоа ќе биде реприза на финалето од минатиот Мундијал, додека вториот дуел од групата, меѓу Чиле и Австралија е на програмата три часа подоцна.

„Оваа средба ќе го означи стартот на почетокот на турнирот за двете екипи, па реално е да очекуваме претпазлива игра од двете страни, а ќе биде интересно да видиме како играчите ќе се навикнат на временските услови. Најважно за секој селектор е да му „расте“ тимот како Мундијалот бара. Сетете се што им се случи на Германците пред четири години. Почнаа моќно, играа добро, но беа истрошени против Шпанија во полуфиналето“, додава Гулит.

Поранешната ѕвезда на Милан и Челзи истакнува дека негови фаворити за освојување на пехарот се Аргентина и домаќинот Бразил.

„Тимовите од Јужна Америка, особено Бразил и Аргентина се главни фаворити, но мораат да се справат со сопствениот специфичен притисок. Конкретно, домаќините мора да играат добро ако сакаат да ги смират нередите на улиците, додека кај „гаучосите“ целиот притисок е врз грбот на Лео Меси. На него е да покаже дали може да биде така добар како во Барселона“, заклучува Гулит.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП