9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСоработка меѓу Bridgestone и МОК вредна 344 милиони долари

Соработка меѓу Bridgestone и МОК вредна 344 милиони долари

ioc bridgestone

Јапонскиот производител на гуми „Bridgestone“ потпиша договор на десет години со Меѓународниот олимписки комитет и стана еден од нивните водечки спонзори.

Раководството на компанијата несакаше да ги открие финансиските делови од договорот, но јапонските медиуми наведоа дека тие платиле 344 милиони долари, а со тоа да станат еден од најголемите спонзори во комерцијалната програма на МОК, позната како „TOP“.

Договорот стапува на сила од Олимписките игри во 2016-та година во Рио де Женеиро и продолжува низ Зимските игри во Пјонгчанг 2018-та, Олимписките игри во Токио 2020-та, како и Летните и Зимските во 2022-ра и 2024-та година.

Претседателот на МОК, Томас Бах во Токио го потпиша договорот со извршниот директор на „Bridgestone“, Макси Чуи.

„Задоволни сме што „Bridgestone“ е дел од „ТОР“ програмата и возбудени сме затоа што покажавме долгорочна посветеност кон олимпиското движење“, вели Бах.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП