„Shelby American“ неодамна се пресели во нови простории, па поради тоа е донесена одлука за тоа да се ослободат од стартите концепти и прототипови. Понудени се единаесет возила, а меѓу нив се наоѓаат различни модели, од прототипот „Shelby Super Snage“ до концептот „Shelby Raptor“.
За прв пат се споменува „GTS“ концепт кој нуди V6 мотор со супер полнач кој постигнува 475 ks, што му овозможува забрзувањето до 100 km/h да го постигне за 4.4 секунди.
Следниот, концептот „Shelby Raptor“ е базиран на моделот „Ford F-150 Raptor“ и го одликува редизајнирана суспензија и голем број „off-road“ можности. Тука е и 6.2-литарски V8 мотор кој постигнува 575 ks излезна моќ.
„Shelby“ продава и концепт на „Focus“ кој е претставен за време на одржувањето на „North American International Auto Show“ во 2013-та, a oвој модел може да се пофали хауба која има отвори за воздух, „Wilwood“ сопирачки, како и „Eibach“ суспензија.
Не треба да се заборави ниту редизајнираната внатрешност, како и сетот од 18-инчни алуминиумски бандажи со „Michelin“ пневматици.