
Раководството на Атлетико Мадрид отфрли две многу привлечни понуди за централниот дефанзивец Миранда.


Раководството на Атлетико Мадрид отфрли две многу привлечни понуди за централниот дефанзивец Миранда.
Според „Марка“, предлозите биле од страна на Манчестер Јунајтед и Барселона. Ниту еден од двата клуба сепак не бил подготвен да ги плати бараните 30 милиони евра од „јорганџиите“ за 29-годишниот дефанзивец.
Токму оваа сума е забележана како ослободувачка клаузула во договорот на дефанзивецот.
Барса бара централен дефанзивец по откажувањето на Карлес Пујол. Јунајтед пак не потпиша нов договор со Немања Видиќ и исто така ги разгледува можностите за нови засилувања на оваа позиција во тимот.