2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛам и Милер ги продолжија договорите со Баерн

Лам и Милер ги продолжија договорите со Баерн

miler lam

Фудбалерите на Баерн Минхен, Филип Лам и Томас Милер потпишаа нови долгорочни договори. Капитенот на „баварците“ го продолжи договорот до 30-ти јуни 2018-та година, а напаѓачот потпиша до 30-ти јуни 2019-та година.

Двајцата потекнуваат од младинската школа на клубот, 30-годишниот Лам дебитираше за првиот тим уште во 2002-ра година, а 24-годишниот Милер го одигра својот прв натпревар во дресот на Баерн во 2008-та година.

„Ова е најдобриот момент за продолжување на договорот. Мислам дека ова дефинитивно е мојот последен договор и јас ќе ја завршам кариерата во Баерн. Тоа е она што од секогаш сум го сакал. Јас сум исклучително среќен и задоволен“, коментира Лам.

Десниот дефанзивец, кој под водство на Пеп Гвардиола започна да игра како дефанзивен играч од средниот ред, има зад себе 396 натпревари и 11 гола за првиот тим на Баерн. Tој ќе има можност да го подобри клупскиот рекорд за најмногу натпревари, кој е во сопственост на Сеп Мајер (473).

Милер, пак, ќе ја започне својата седма сезона во првиот тим на Баерн. До моментов напаѓачот одиграл 256 натпревари, во кои постигна 99 гола во сите натпреварувања.

„Многу сум среќен што го продолжив договорот токму пред почетокот на светското првенство. Имавме многу позитивни разговори со клубот, кои несомнено ме убедија дека ова е вистинското место за мене. Се чувствувам важен дел од плановите на клубот. Јас сум дел од Баерн од 2000-та година и ќе останам тука уште долги години“, изјави Милер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП