16 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДали знаете кој ќе заработи најмногу за време на Светското?

Дали знаете кој ќе заработи најмногу за време на Светското?

dileri0000

Како што досега стојат работите, обичните луѓе ќе страдаат, па во тој контекст треба и да се разберат протестите на гладните во Бразил. Оние кои ги тријат рацете се дилерите на дрога.

Состојбата можеби на прв поглед е прадоксална, но според некои извештаи на агенцијата за борба против наркотици, најголем профит ќе имаат нарко картелите.

Перу и Боливија не играат на првенството, но нивните криминалци во соработка со бразилските „колеги“ најдобро ќе поминат. Веќе со месеци се забележува невообичаена раздвиженост во овие земји, кога станува збор за илегалното производство на наркотици.

Причината очигледно е Мундијалот.

Споменатите земји се најголеми производители на кокаин во Светот, а близината на Бразил им гарантира зголемена побарувачка за дрога. Незнам дали знаете, но Бразил е земја со најголема потрошувачка на кокаин, по САД, а за време на Мундијалот ќе ја поминат Америка на оваа тажна ранг листа.

Како што вели еден од генералите во агенцијата за борба против нарко картелите во Перу, во текот на последните два месеци е забележано зголемување на „нарко сообраќајот“ меѓу јужноамериканските земји.

Како тоа функционира?

Дрогата од Перу се пренесува во Боливија со авиони. Во Перу се одгледува на тајни локации, па сиромашните жители се главни одгледувачи на кока во оваа земја, но и во Боливија овој бизнис го гледаат како единствен начин да преживеат.

Авионите носат околу 300 kg кокаин, затоа што тие се мали летала, а во минатите два месеци соборени се 72 вакви авиони, но се смета дека тоа е мал процент од оние кои ќе го минат патот кон Боливија. Од оваа земја преку река дрогата се доставува во Бразил.

Бразил има водена граница, Амазон, со Перу, Колумбија и Боливија, поради тоа што полицијата неможе да ја контролира целата река затоа што нема доволно ресурси, па ова е рај за шверцерите.

Во текот на Мундијалот, поголемиот дел од полициските единици ќе бидат насочени кон обезбедување на редот и да ги чуваат учесниците и туристите, што е подолнителна предност за шверцерите.

Покрај тоа, фудбалот ќе претставува причина за радост и карневал кога не му е време, а потрошувачката на кокаин ќе порасне до „небо“.

Цена?

Во Перу еден килограм кокаин е околу 1.000 долари, кога ќе пристигне Боливија цената се зголемува за пет пати, додека во Бразил таа изнесува 7.000 долари. Домаќинот ја ангажираше и војската во обидот да се спречи огромна количина на дрога да влезе во земјата, па така беа запленети 40 тона, но се смета дека тоа е многу мала количина, затоа што сите работат за дилерите, вклучувајќи ги и пограничните жители, затоа што за многумина тоа е единствената работа.

Па може да се каже дека Мундијалот навистина им дојде како „кец на десетка“ на производителите и дилерите на кокаин.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП