9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМонако се откажа од Валдес!?

Монако се откажа од Валдес!?

valdes povreda22

Легендата на голот на Барселона, Виктор Валдес, нема да игра во Монако во следната сезона, напиша француски „Л`Екип“ во денешното издание.

Според информациите, „кнезовите“ одлучиле да не го почитуваат претходниот договор со шпанскиот репрезентативец. Причината за тоа е тешката повреда на коленото, која не дозволува на Валдес да ги мине медицинските прегледи.

Самиот Валдес изјави пред повеќе од една година, дека нема да го обнови договорот со Барселона и на 1-ви јули оваа година станува слободен агент. Откако се здоби со повреда на коленото, Валдес повторно доби понуда за нов договор од „каталонците“, но тој продолжи да е цврст во својот став за да го напушти „Камп Ноу“.

Тогаш се чинеше дека и покрај повредата која ќе го извади од игра до октомври, на „Луј II“ ќе се потпрат на услугите на голманот.

Денес сепак голем број на изданија тврдат дека поради физичката состојба на 32-годишниот Валдес, раководството на Монако донесе конечна одлука да го насочи вниманието кон друг голман. Ова решение може да е поврзано и со доаѓањето на новиот тренер Леонардо Жардим, кој го дал своето мислење за ова прашање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП