4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМајкл Џордан веќе е милијардер?

Мајкл Џордан веќе е милијардер?

mj 33

Списанието„Forbes“објави одлични анализи на тема „спортот како бизнис“, но нивните проценки се премногу конзервативни, според „Business Insider“.

Тимот од НБА, Милвоки Бакс, кој беше оценет од бизнис сајтот на 410 милиони долари, беше продаден за 550 милиони долари во април. Лос Анџелес Клиперс, кој според „Forbes“ чини 575 милиони долари, беше продаден за 2 милијарди долари во мај.

Вредноста на тимовите расте од многу причини, како поконкретно, новите договори за телевизиските права ја крева вредноста до рекордно ниво. Дури и ако милијардерот Стив Балмер платил премногу за Клиперс, јасно е дека веќе сме влегле во нов период во проценката на спортските тимови и тоа побрзо од очекуваното.

Откако секој тим чини повеќе од очекуваното, тоа значи дека и статусот на секој сопственик е поголем од очекуваното, а оваа разлика треба да е повеќе од доволна за мнозинскиот сопственик на Шарлот Хорнетс, Мајкл Џордан, да стане милијардер.

Состојбата на Џордан беше оценета на 750 милиони долари во февруари во деталната анализа на „Forbes“. Оваа кошаркарска легенда заработи 90 милиони долари за 2013-та година, повеќе од сите други постојни спортист вклучувајќи го и Леброн Џејмс, кој заработи 60 милиони долари.

Богатството на Џордан доаѓа главно од неговиот договор со „Nike“, како и од други рекламни договори, средствата и големиот набој за време на неговата натпреварувачка кариера.

Да не заборавиме дека, сепак Џордан поседува и 80% од Хорнетс, а овие негови средства одеднаш веќе ќе изгледаат прилично повеќе вредни. Иако Хорнетс (во тоа време Бобкетс) беше оценет на 175 милиони долари, кога Џордан купи 80 отсто од акциите во 2010-та година, проценетата вредност на тимот брзо се зголеми.

До 2013-та година тимот веќе се проценува на 410 милиони долари, а вредноста се очекува да порасне значително во блиска иднина, според „Forbes“.

Милвоки Бакс беше продаден за 34% повеќе од оценката на „Forbes“. Клиперс беше продаден за 248% повеќе. Ако ја поделиме разликата и прифатиме дека Хорнетс на Џордан чинат за 159% повеќе од оценката на „Forbes“, оваа вредност би била 1.06 милијарди долари.

Па така делот на Џордан ќе биде проценет на 850 милиони долари, наместо на 328-те милиони во анализата на „Forbes“ од февруари. Со тоа богатството на Џордан би се зголемило до 1,27 милијарди долари.

Може во голема мера да се претпостави дека Џордан е милијардер, а и дека колку и да е тешко неговите спортските успеси да бидат достигнати од другите, сега на останатите кошаркари ќе им е уште потешко да се израмнат со него и во финансиската состојба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП