3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООфицијално: Сидорф „OUT“, Инзаги „IN“

Официјално: Сидорф „OUT“, Инзаги „IN“

Milan - Novara

Тимот на Милан има нов тренер. Како што претходно се очекуваше, официјалниот сајт на „росонерите“ објави дека Кларенс Сидорф нема повеќе да го води тимот, а тренер во новата сезона ќе биде Филипо Инзаги. Договорот на поранешниот напаѓач ќе биде до летото 2016-та година.

Холанѓанецот помина само половина година на чело на Милан, откако го презеде тимот на 14-ти јануари оваа година, заменувајќи го Масимилиано Алегри. Под негово раководство тимот не успеа да обезбеди настап во Европа за следната година, откако финишираше на осмото место во конечниот пласман на Серија „А“ или на цели 45 поени од шампионот Јувентус.

Во последните две години Инзаги беше на чело на младинскиот тим на „росонерите“. Во февруари оваа години воден од него, тим го освои турнирот во Виареџо.

Пипо веќе започна со селекцијата на тимот, откако пред неколку дена стана јасно дека по негова желба ќе бидат доведени Алекс и Џереми Менес од ПСЖ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП