21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТолку од Фелаини, „Ѓаволите“ го продаваат за 15 милиони!

Толку од Фелаини, „Ѓаволите“ го продаваат за 15 милиони!

fellainiunited

Белгискиот репрезентативец Маруан Фелаини може да го напушти Манчестер Јунајтед, информира весникот „Тајмс“.

Според авторитетното издание, халфот не спаѓа во плановите на новиот менаџер на „црвените ѓаволи“ Луис ван Гал.

Заради тоа од клубот се подготвени да продадат Фелаини за сума од 15 милиони фунти. Во минатото лето тој беше купен од Евертон за 27,5 милиони фунти.

Во изминатата сезона во Премиерлигата, 26-годишниот фудбалер одигра 16 натпревари за Манчестер Јунајтед во кои забележа само една асистенција. Тој рекорд го има и на 5 средби во Лигата на Шампионите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП