
EUR/USD
Дивергенцијата помеѓу цената и осцилаторот (виолетова линија на OSC) сеуште е присутна, сепак цената не прави пробив и е прилично променлива. Може да дојде до некое позначајно движење и пробив со NFP утре, кој секогаш влијае на цената и на броењето на брановите.
Четиричасовниот графикон на форекс парот EUR/USD:

Постојат неколку сценарија за пробиви (црвени стрелки) возможно по пробив на линиите(сина,зелена).
60-минутниот графикон на форекс парот EUR/USD:

GBP/USD
Цената би можела да го има завршено бранот 5 (црвена) за време на вчерашниот пад, иако 100% Фибоначи нивото останува како отворена потенцијална цел (види 1 час графикон)

Вчерашниот пробив застана на предходното дно поради вестите за GBP. Пробиви (зелени и црвени стрелки) над и под отпорот може да се случат, но ценовната акција не е интересна за мене кога се должи на променливи ценовни акции.
60-минутниот графикон на форекс парот GBP/USD:

USD/JPY
Цената продолжи со нагорниот моментум вчера и може сеуште да биде во процес на комплетирање на бранот Y (зелена) од бранот Y (сина) од бранот X (виолетова).
Четиричасовниот графикон на форекс парот USD/JPY:

Цената ги достигна целите и го завршиле моментумот за бранот 5 (темно црвена) од поголемата корекција ABC (црна). Ако цената направи повраток тогаш отскокнување (зелени стрелки) на Фибоначи нивоата на враќање е многу веројатно според мое мислење.
60-минутниот графикон на форекс парот USD/JPY:

Chris Svorcik.
Аналитичар во Адмирал Маркетс
Среќно тргување,
Анализите и предвидувањата се само наше мислење и не мора во потполност да се реализираат. Одлуката за тргување и ризикот е само од страна на трговецот и Адмирал Маркетс не одговара за евентуални загуби.



