3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРоланд Гарос: Комплетиран вториот полуфинален пар кај дамите

Роланд Гарос: Комплетиран вториот полуфинален пар кај дамите

rg

Позната е и втората полуфинална двојка на женскиот дел од Отвореното тениско првенство на Франција.

Германката Андреа Петковиќ и Романката Симона Халеп ќе се борат за влез во финалето на вториот овосезонски Гренд слем тениски турнир „Ролан Гарос„.

Во четвртфиналните мечеви одиграни попладнево Андреа Петковиќ ја совлада Сара Ерани со 2:0 во сетови препуштајќи и на Италијанката по два гема во обата сета.

Изненадување приреди Романката Халеп, која со идентични 6:2 и 6:2 беше поуспешна од фаворизираната Русинката Светлана Кузњецова.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП