7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОAтлетико Мадрид купи нов голман

Aтлетико Мадрид купи нов голман

moya_31

Шампионот на Шпанија Атлетико Мадрид постигна договор со колегите од Гетафе за услугите на голманот Мигел Анхел Моја, објавија локалните медиуми.

30-годишниот голман ќе потпише договор за 3 години, а трансферната сума не се споменува.

Моја ја започна својата кариера во Мајорка, а за овој тим одигра 99 првенствени натпревари. Следеше трансфер во Валенсија, каде сепак Моја не можеше да се етаблира како стартер. Во 2011-та тој преминува во Гетафе, каде одигра 94 средби.

Според информации на шпанските медиуми, тој нема да биде прв голман, бидејќи Диего Симеоне сака то Џеронимо Рули од Естудиантес. Се уште не е позната судбината на Куртуа кој е на голот на „јорганџиите“ веќе трета сезона, но како позајмен од Челзи.

Мигел Анхел Моја ќе биде второто засилувања на европскиот вицешампион. Претходно Атлетико си ги обезбеди услугите на напаѓачот Анхел Кореа, кој доаѓа од Сан Лоренцо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП