4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБарса повторно има проблеми со трансферот на Нејмар

Барса повторно има проблеми со трансферот на Нејмар

neymar-mysterious-salary-in-barcelona

Токму кога „каталонците“ започнаа со составување на тимот за следната сезона, се појави нов проблем поврзан со сомнителниот трансфер на Нејмар. За што станува збор?

Сандро Росел, поранешниот претседател на Барселона, повторно е повикан пред суд за да обезбеди докази за наводното избегнување на плаќање на данокот за трансферот на бразилскиот фудбалер, Нејмар.

Почетната сума која Барселона ја објави како вредноста на трансферот на Бразилецот е 57 милиони евра, но потоа е откриено дека целиот трансфер е вреден близу 100 милиони евра, а пред неколку дена се појави информација дека клубот плаќал оргии за таткото на Нејмар.

Претставници на клубот и Росел на 13-ти јуни ќе се појават пред суд, а тогаш ќе биде утврдена вистината.

Потсетуваме, Барселона плати дополнителни 13.5 милиони евра на шпанската даночна служба поради обвинувањето за затајување на данок, иако „каталонците“ и тогаш тврдеа дека не сториле никаков прекршок.

Росел, исто така ги негираше нерегуларностите, а од функцијата претседател се повлече во јануари, тврдејќи дека несака да наштети на имиџот на клубот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП