3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКрадците на автомобили станаа хакери!

Крадците на автомобили станаа хакери!

kradec kola2

Неодамна беше направено интересно истражување кое покажа дека дури половина од кражбите на автомобили во Лондон во минатата година се извршени со помош на електронски направи и без употреба на сила, како кршење прозор или разбивање брава, па така стана јасно дека се раѓа нова генерација на хакери – крадци на автомобили.

Експертите особено предупредуваат дека, по 21.000 украдени автомобили во Лондон во текот на минатата година, овој тренд на електронско крадење на возила може да го зголеми бројот на кражби, кој веќе со години бележеше пад.

Специјалистот за обезбедување, Мајк Парис објасни дека модерните крадци на автомобили користат уреди со кои за многу брзо време можат да влезат во било кој автомобил од поново производство.

Самиот апарат чини помалку од 25 фунти (околу 30 евра) и е сочинет од направа за дијагностички бајпас кој обично потекнува од Кина или Источна Европа.

„Ситуацијата се влошува. Направите се се повеќе достапни, особено на интернет каде нивната цена и натаму паѓа. Сите производители се свесни за овој проблем, но само некои од нив сериозно работат за негово решавање, за разлика од другите“, вели Парис.

Меѓутоа, сопствениците на модерните автомобили имаат и поголеми грижи од самото крадење на возилото, затоа што веќе се забележани случаи во кои хакерите-измамници ја превземаат контролата над автомобилот.

Во еден случај, хакерите ги онеспособиле сопирачките на една „Toyota Pirus“’, па возачот неможел да сопре, а дури успеале да ја превземат и контролата над воланот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП