3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВолфсбург дава 28 милиона за Мората, тој сака во Јуве

Волфсбург дава 28 милиона за Мората, тој сака во Јуве

morata2224

„Бомбата“ на денот на италијанското издание „Tuttosport“ е поврзана со трансферот на напаѓачот на Реал Мадрид, Алваро Мората.

Како што е познато, Реал и Јувентус од пред неколку дена се во врска едни со други за преминувањето на младиот напаѓач во тимот од Торино и дури спроведоа 45-минутна средба на таа тема по натпревар помеѓу ветераните.

Сепак одеднаш на сцената се појави германски Волфсбург со мегапонуда во вредност од 28 милиони евра за Реал и 17 милиони евра за играчот во рамките на 5 години.

Без оглед дека предлогот на „Старата Дама“ е неспоредливо полош кога станува збор за финансиските услови, Мората го известил Реал дека инсистира да помине токму кај „бјанконерите“.

Причините се поврзани со реномето на Јувентус, со учеството на екипата во Лигата на шампионите и со можноста да игра редовно како стартер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП