5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Ѓаволите“ влегуваат во трката за Суарез!?

„Ѓаволите“ влегуваат во трката за Суарез!?

Luis Suarez

Исклучително сензационална вест соопшти каталонскиот весник „Спорт“. Според изданието, 20-кратниот шампион на Англија, Манчестер Јунајтед имаат намера да го привлече голгетерот на Премиер лигата и напаѓачот на вечниот ривал Ливерпул, Луис Суарез.

За таа цел тие подготвиле 80 милиони евра (65 милиони фунти), со кои имаат намера да се спротивстават на освојувачот на Лигата на шампионите, Реал Мадрид за потписот на „Ел Пистолеро“.

Изданието тврди дека новиот менаџер на „црвените ѓаволи“, Луис ван Гал го идентификувал Суарез како главен приоритет за летната селекција на клубот. Тој планира да изгради сериозно трио во нападот со Вејн Руни, Робин ван Перси и Уругваецот, пишува „Спорт“.

Холанѓанецот има 250 милиони евра (200 милиони фунти) за летната селекција и е подготвен да се раздели со 1/3 од сумата, за да се земе уругвајскиот голгетер на „Олд Трафорд“.

Во минатото лето Суарез беше во центарот на огромна трансферна сага во која беа вмешани Арсенал и Реал Мадрид. Тогаш тој сам посака трансфер на „Емирати“, кога Арсен Венгер упати официјална понуда од 40 милиони + 1 фунта за неговите услуги.

На крајот сепак тој остана на „Енфилд“ и имаше неверојатна сезона, а ја подели „Златната копачка“ на Европа заедно со Кристијано Роналдо со 31 погодок за Ливерпул во Премиер лигата.

Во меѓувреме, тој потпиша нов договор со Ливерпул, кој ќе го задржи на „Енфилд“ до 2018-та година. Токму ова е главниот адут на „црвените“ во борбата да ја задржат најголемата ѕвезда.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП