3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗАуди го призна учеството во Втората Светска војна

Ауди го призна учеството во Втората Светска војна

audi vojna

Продолжува трендот да се „копа“ во минатото и пронаоѓањето на денес успешните компании кои работеле за Хитлер и неговиот Трет Рајх, па на ред дојде и Ауди.

Секој знае дека легендарната Буба била дизајн на Хитлер за широката народна маса, додека Хуго Бос ги креирал нацистичките црни униформи на Германија.

Ауди исто така самостојно го финансираше истражувањето за својата замешаност во нацистичкото влијание за време на Втората Светска војна и дојде до многу лоши сознанија за своето минато.

Др. Рихард Брун ја основаше Ауто Унион во 1932-ра година, соединувајќи четири компании под четирите кругови: „Zschopauer Motorenwerke J.S. Rasmussen“, „Horch“, „Audi“ и „Wanderer“, но производството на автомобили и тркачки модели бил дел од она што компанијата го произведувала, покажува најновото истражување.

Способноста да произведува различни видови на машини, Др. Брун е именуван за воен економски лидер на почетокот на Втората Светска војна во 1939-та.

Како резултат на тоа, Ауто Унион е трансформиран во компанија за производство на оружје, па така произведувале мотори за тенкови, торпеда и други видови воено наоружување за воената машинерија на Хитлер.

Компанијата директно вработувала 3.700 воени заробеници од седум концетрациони логори, специјално изработени за оваа намена, од кои една четвртина биле Евреи.

Исто така, Ауто Унион има „морална одговорност“ за смрт на околу 4.500 заробеници во Флозенбург, додека уште 16.500 работници се принудени да работат во фабриките Чемник и Цивкау.

По завршувањето на војната во 1945-та, Брун е заробен заедно со останатите и е осуден на затворска казна.

Откако бил ослободен, добил капитал од САД за повторно стартување на компанијата која во своето лого има четири кругови. По успешното рестартирање, тој е одликуван со Голем крст за заслуги од страна на владата на Западна Германија во 1953-та и како „херој“ починал во 1964-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП