3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИмобиле пристигна во Дортмунд

Имобиле пристигна во Дортмунд

ciro

Вицешампионот во Бундеслигата, Борусија Дортмунд го засили нападот за следната сезона со привлекувањето на голгетерот на Серија А, Чиро Имобиле.

Во понеделникот 24-годишниот напаѓач на Торино потпиша 5-годишен договор со жолто-црните.

Во изминатата сезона Италијанецот му помогна на својот тим да се пласира за Лига Европа со постигнувањето на 22 погодоци во 33 натпревари.

„Земаме флексибилен и брз напаѓач, кој на импресивен начин се докажа во едно од најсилните европски првенства. Истакнатите негови квалитети се вклопуваат во визијата на Борусија“, изјави спортскиот директор на клубот, Михаел Цорк.

Со одличното претставување во изминатата сезона, Имобиле си обезбеди и покана за националниот тим на Италија на Светското првенство во Бразил.

„Борусија е голем клуб и идејата да го заменам Роберт Левандовски навистина ме привлече. Бундеслигата е фантастично првенство, едно од најдобрите во светот“, рече Имобиле.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП