11 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛамберт потпиша двегодишен договор со Ливерпул

Ламберт потпиша двегодишен договор со Ливерпул

lambert

Напаѓачот на Саутемптон Рики Ламберт премина во Ливерпул. 32-годишниот англиски репрезентативец потпиша двегодишен договор, а „црвените“ ќе платат трансферна сума од 4 милиони фунти.

Ламберт се враќа во клубот во кој ја започна фудбалската кариера. Напаѓачот постапуваше во академијата на „црвените“ во 1992-та, но е ослободен на 15-годишна возраст.

Потоа тој минува низ клубови од пониските дивизии, како Блекпул, Маклсфилд, Стокпорт и Рочдејл, пред да потпише со Саутемптон во 2009-та година.

Тогаш „светците“ се наоѓаат во Прва лига, но три години подоцна се изборија за пласман во Премиер лигата. За пет сезони во тимот, 32-годишниот Ламберт одигра 235 натпревари во кои забележа 117 гола.

„Не можам да поверувам. Во текот на целиот живот сум сакал овој клуб. Заминав оттука пред 17 години, но никогаш не престанав да го сакам Ливерпул. Јас секогаш сонував дека ќе играм за овој клуб, но до неодамна мислев дека шансата тоа да го направам, нема да ја добијам. Не мислев дека ќе има можност да дојдам тука“, изјави Ламберт при неговата презентација.

„Знам колку голем клуб е Ливерпул. Најважно е да го покажам најдоброто од себе во минутите, кои ќе ги добијам. Знам на што треба да се фокусирам. Мајка ми и татко ми се расплака кога им ја кажав оваа вест“, додаде англискиот репрезентативец.

Ламберт дебитираше во 2013-та година за Англија, а уште во првиот натпревар го постигна победоносниот гол против Шкотска (3:2). Тој веќе има четири средби и два погодоци за „трите лава“. Со добрата игра тој заслужи место во составот на Рој Хоџсон за светското првенство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП