10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКако да заработиш 3.5 милиони евра за два дена?

Како да заработиш 3.5 милиони евра за два дена?

gerent bejl malata

Крилото на Реал Мадрид, Герет Бејл заработил 3,5 милиони евра за двата дена кои ги помина во Индонезија, пишува „Дејли Меил“.

Најскапиот фудбалер во историјата беше на промотивна турнеја и зеде учество во различни манифестации и беше пречекан како божество од локалните навивачи.

„Пријатели, вие сте неверојатни. Ви благодарам за топлото добредојде“, изјави тој пред насобраните симпатизери на фудбалот во Џакарта.

„Плажите ви се прекрасни, но ајкулите дефинитивно ме плашат“, сподели Бејл за време на официјалната вечера, на која присуствуваше и за која влезница чинеше 190 евра.

Иако немаше многу добра сезона, фудбалерот беше во основата за заработените два трофеи на Реал, откако во финалето против Барселона во Кралскиот куп го постигна победничкиот гол на крајот, а во битката за Лигата на шампионите реализираше за 2:1 во продолженијата.

Бејл најде време да патува до Азија, бидејќи не се најде во составот на Велс за контролниот против Холандија во средата, поради повреда. Тоа сосема не му се допадна на селекторот Крис Коулман.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП