6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО25 милиони фунти е новата понуда на Ливерпул за Лалана

25 милиони фунти е новата понуда на Ливерпул за Лалана

lalanana

Ливерпул упати нов предлог кон Саутемптон за англискиот репрезентативец Адам Лалана.

Според медиумите на Островот понудата, која е финална, е во вредност од 25 милиони фунти или за пет милиони повеќе од претходната.

26 -годишниот фудбалер вчера играше 73 минути за Англија при победата со 3:0 над Перу, а утре ќе отпатува за САД, каде што селекцијата на Рој Хоџсон ќе продолжи со подготовките за СП 2014.

Од „Енфилд“ сакаат да се финализира договорот пред Лалана да замине. Ливерпул и Саутемптон веќе го договорија трансферот на друг репрезентативец – Рики Ламберт, кој денес треба да ги помине медицинските прегледи. Ливерпул ќе платат за тоа 4 милиони фунти плус бонуси.

Можно е уште денеска Ливерпул да ги објави и двата трансфери – на Ламберт и Лалана.

Менаџерот на „црвените“ Брендон Роџерс пројавува интерес и кон трет играч на „светците“ – централниот дефанзивец Дејан Ловрен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП