3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРаководството на ПСЖ го убеди Кавани да остане

Раководството на ПСЖ го убеди Кавани да остане

kvanii3

Напаѓачот на ПСЖ, Единсон Кавани бил убеден од страна на раководството да остане во клубот, соопштува весникот „L’Equipe“.

Уругваецот не беше особено задоволен од фактот дека минатата сезона беше користен од тренерот Лоран Блан како крило, а не во врвот на нападот и поради тоа кај него се појави желба за напуштање на „Паркот на принцовите“.

Двете страни сепак одржале средба непосредно пред почетокот на кампот на Уругвај за Светското првенство, на која фудбалерот го добил потребното уверување дека ќе може да игра како централен напаѓач.

На Кавани му било ветено дека следната сезона ПСЖ ќе дејствува во шема 4-4-2, па така тој ќе биде партнер со Златан Ибрахимовиќ во нападот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП