28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКаталонците подготвуваат 60 милиони за Коке

Каталонците подготвуваат 60 милиони за Коке

koke02

Од Барселона се подготвени да ја платат откупната клаузула од договорот на шпанскиот репрезентативец Коке, која во вредност од 60 милиони евра, затоа што сакаат по секоја цена да го доведат на „Камп Ноу“, пишува весникот „Марка“.

Според изданието полудефанзивецот е приоритет за каталонците за следната сезона и се смета за наследник на Чави. Сепак, тие ќе се обидат да го намалат износот преку разговори со Атлетико, а ако тие не бидат успешни, тогаш ќе треба да дадат солидни средства за играчот.

Ако се случи такво нешто Коке ќе стане најскапиот шпански фудбалер во историјата, и ќе го надмине рекордот на Фернандо Торес за кого Челзи плати 58 милиони евра пред неколку години.

Се тврди дека од Барса веќе се поврзале со шампионот на Шпанија и ги известиле за своите намери, но добиле тврд одговор дека Коке чини 60 милиони евра, колку што изнесува клаузулата во неговиот договор.

„Тој е импресивен играч и секој тим би го сакал“ објави претседателот Хосеп Марија Бартомеу, без притоа да дава дополнителни информации дали навистина халфот влегува во плановите на Барса.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП