27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБалмер за 2 милијарди долари ги купува Клиперс

Балмер за 2 милијарди долари ги купува Клиперс

balmer klipers

Поранешниот извршен директор на „Мајкрософт“ Стив Балмер го освои наддавањето за купување на Лос Анџелес Клиперс со понуда од 2 милијарди долари. Ова е рекорд за тим од НБА.

Веста беше соопштена од Гринберг Глескер, адвокат на Шели Стерлинг, кој ги потпиша документите за продажба на клубот. Договорот мора да биде одобрен од Управниот одбор на НБА и потоа договорот за пренос на сопственоста може да биде финализиран.

Понудата на Балмер ги победи други два кандидати за стекнување на Клиперс. Едната понуда од 1,6 милијарди долари беше на група предводена од телевизискиот магнат Дејвид Гефен и дел од кој е и популарната водителка Опра Винфри. Група од Лос Анџелес, пак, понудила 1,2 милијарди. Финансискиот надзор на трансакцијата го спроведе банката „Мерил Линч“.

Според информациите Стив Балмер првично понудил 1,8 милијарди долари, но потоа ја кренал понудата. Ако зделката биде финализирана, тоа ќе биде втората поголемина зделка за продажба на спортски клуб во САД. Првото место го држи безбол екипата Лос Анџелес Доџерс, која во 2012-та година беше купена за 2,15 милијарди долари.

Лос Анџелес Клиперс беа ставен за продажба, откако сопственикот Доналд Стерлинг се вмеша во расистички скандал и доби забрана да учествува во управувањето на кошаркарскиот клуб. Адвокатот на Стерлинг, Максвел Блечер објави пред „Њујорк Тајмс“ дека договорот за продажба на Клиперс треба да биде одобрена од страна на неговиот клиент.

Стерлинг го купи Лос Анџелес Клиперс во 1981-ва година за 12,5 милиони долари. Во тоа време клубот се сместува во Сан Диего.

58-годишниот Стив Балмер, кој во февруари се повлече од функцијата извршен директор на „Мајкрософт“, сеуште поседува 4% од софтверскиот гигант. Неговото лично богатство се проценува на 13,4 милијарди долари. Минатата година тој беше дел од групата која неуспешно се обиде да го купи Сакраменто Кингс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП