1 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДавид Виља се сели во Њујорк Сити

Давид Виља се сели во Њујорк Сити

davidco

Напаѓачот на репрезентацијата на Шпанија, Давид Виља го напушти Атлетико Мадрид и премина во новосоздадениот Њујорк Сити, информира шпанското издание „Спорт“. 32-годишниот Виља се договорил за годишна плата од 3 милиони евра.

Пред да почне да игра за Њујорк Сити, создаден заеднички од Манчестер Сити и Њујорк Јенкис, Шпанецот неколку пати ќе патува во САД за да ги подмири некои прашања околу трансферот.

Од преминувањето на Давид Виља во Њујорк Сити загуби ќе претрпи Барселона. Во минатото лето каталонците го продадоа напаѓачот на Атлетико Мадрид за 2,1 милиони евра, како што беше договорено, „каталонците“ требаше да добијат уште 2 милиони, ако Виља игра за „јорганџиите“ и во сезоната 2014/15.

Уште еден милион требаше да се исплати на сметката на Барса, ако репрезентативецот го продолжеше договорот со Атлетико до 2016-та година. Така целата сума по трансферот на Виља од „Камп Ноу“ на „Висенте Калдерон“ требаше да достигне вкупно 5,1 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП