10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБарса му го „краде“ Ракитиќ на Реал

Барса му го „краде“ Ракитиќ на Реал

Sevilla's Croatian midfielder Ivan Rakitic

Хрватскиот фудбалер ќе ги „скара“ вечните ривали кои во текот на летниот преоден рок би можеле да се вклучат во активна „битка“ за потписот на Иван Ракитиќ.

Едно од имињата кои се споменува како желба за засилување на каталонскиот тим е Иван Рактиќ.

Капитенот на Севиља, најдобриот играч на финалето на Лига Европа и еден од најдобрите поединици на шпанскиот тим во целата сезона, со своите игри го првилече вниманието на најголемите клубови.

Реал Мадрид веќе извесно време го поврзуваат со хрватскиот фудбалер кој има договор со Севиља до 2015-та година, а според некои информации се шпекулира дека веќе е постигнат договор за трансфер вреден 25 милиони евра.

Сепак, Ракитиќ и натаму е играч на Севиља, а шпанските медиуми пренесуваат дека и Барса застанала во ред за овој фудбалер.

Ракитиќ најверојатно во договорот со Севиља има откупна клаузула од 40 милиони, која сепак е подложена на ревизија, поради тоа што фудбалерот влегува во последната година од договорот.

Шпанските медиуми го претставуваат Хрватот како „карика“ која недостасува во каталонскиот тим, како и потенцијална замена за ветеранот Чави и Фабрегас кој најверојатно ќе си замине од клубот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП