4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW нема да произведува автомобили со повеќе од 8 брзини

BMW нема да произведува автомобили со повеќе од 8 брзини

menuvac

За разлика од некои други премиум производители, „BMW“ нема намера да развива и вградува автоматски менувачи со девет или повеќе брзини. Во оваа компанија сметаат дека разликата во економичноста помеѓу менувачот со осум и оние со повеќе брзини не е доволна за да се оправда употребата на деветобрзиниците.

Според зборовите на еден од шефовите на „BMW“, Клаус Фролич, германскиот производител е убеден дека моменталната стратегија која подразбира осумбрзински автоматски менувачи, седумбрзински менувачи со двојно квачило и шестбрзински мануелни менувачи, даваат одлични резултати.

menuvac1

Во разговор со „Auto Express“, за време на презентацијата на„BMW X4“и„Serieѕ 4 Gran Coupe“, Фролич рече дека е скептичен за политиката на ривалите, како што се „Mercedes“, „Cadillac“или„Jaguar“, кои работат на тоа на купувачите да им понудат автоматски менувачи со девет и повеќе брзини.

„Направивме одредени тестови кои покажаа дека разликата во економичноста меѓу шестбрзинските и осумбрзинските автоматски менувачи е 7-8%. Меѓутоа, воведувањето на девет брзини скоро воопшто нема да ја зголеми економичноста во возењето. Деветобрзиниците имаат поголема маса, покомплексни се, но и поскапи“, објаснива Фролич.

menuvac2

Тој потврди дека „BMW“ во блиска иднина нема намера да се откаже од мануелните менувачи, како во стандардните модели, така и во спортските „M“ верзии.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП