20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Кралевите“ не се откажуваат од Суарез

„Кралевите“ не се откажуваат од Суарез

luki

Реал Мадрид сака да го привлече во своите редови Луис Суарез, пишува „Ас“. Според информациите, европскиот клупски шампион ќе вложи напори да го земе уругвајскиот напаѓач ова лето.

Суарез беше пред разделба со Ливерпул пред една година, а тогаш најблиску до потпис со него беше Арсенал. Покрај драматичниот пресврт на настаните, тој остана на „Енфилд“ и стана главен играч. Уругваецот одбележа 31 гола и заедно со Кристијано Роналдо ја заслужија „Златната копачка“.

Желбата на раководството на Реал е да ги соедини двајцата и да го засили нападот. Однос кон евентуалниот трансфер би имал и развојот на настаните околу Алваро Мората, кој најверојатно ќе си замине од „Сантијаго Бернабеу“ во потрага по повеќе минути во игра, дополнува весникот.

Уште пред година мадриѓаните се поврзале со агентот на Суарез – Пере Гвардиола, кој е брат на Пеп Гвардиола. Според „Ас“,Реал ги повторил контактите со менаџерот. Се очекува Ливерпул да побара минимум 60 милиони евра за голгетерот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП