6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФранс Фудбал го испрати Верати од ПСЖ во Реал

Франс Фудбал го испрати Верати од ПСЖ во Реал

marko veratiite

21-годишниот Италијанец Марко Верати е опција за средниот ред на европскиот шампион Реал Мадрид. Според престижното списание „Франс Фудбал“ играчот на ПСЖ е со големи шанси да биде прв избор во селекцијата на Реал за ова лето, а за сметка на тоа во Париз може да пристигне Јаја Туре.

Верати, кој често е споредуван со Андреа Пирло, е споменуван како миленик на тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти и се очекува тој да инсистира за евентуален трансфер. Анчелоти си поставил цел да ја засили креативност во составот и бара соодветни засилувања.

За потписот на талентираниот фудбалер сепак се бори и Јувентус, кој пак бара наследник на Пирло за во иднина. Уште пред еден месец се појавија информации дека клубот од Торино е решен да го ангажира халфот на ПСЖ.

Францускиот гигант не планира да се раздели со Марко Верати за помалку од 30 милиони, но веќе размислуваат за негов заменик, а тоа е Јаја Туре.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП