6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРакометарите на подготовки во Охрид

Ракометарите на подготовки во Охрид

pk

Македонската ракометна репрезентација од денеска ги почнува подготовките за бараж дуелите со Грција.

Избраниците на селекторот Ивица Обрван ќе се подготвуваат во Охрид, а на стартот ќе недостасуваат неколку ракометари.

Поради проблеми со повреда и терапии нема да биде присутен голманот Петар Ангелов, па во негово отсуство е повикан Стефан Кимевски.

Според селекторот Обрван, рехабилитацијата на Наумче Мојсовски е во добра насока и нема потреба да се ризикува со негово приклучување и настап на натпреварот во Атина.

Поради настапот со својата екипа Барселона на „фајнл фор“ турнирот во Келн овој викенд, капитенот на репрезентацијата Кирил Лазаров ќе се приклучи подоцна.

Голманот Борко Ристовски истотака ќе доцни од причина што овие денови треба да го комплетира својот
трансфер од Ал Ахли (Катар) во француски Кретеј.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП