6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПокетино е новиот менаџер на клубот од „Вајт Харт Лејн“

Покетино е новиот менаџер на клубот од „Вајт Харт Лејн“

poketino12

Маурисио Покетино очекувано беше избран за менаџер на Тотенхем. Аргентинецот беше главен фаворит за оваа функција по разрешувањето на Тим Шервуд.

Тој станува десеттиот менаџер на тимот од Лондон во последните 13 години. Покетино се раздели со Саутемптон и потпиша со Тотенхем договор за пет сезони.

„Верувам дека во лицето на Маурисио имаме тренер кој со својот енергичен, напаѓачки фудбал ќе одговара на стилот, карактеристичен за нашиот клуб“, рече претседателот на Тотенхем, Даниел Леви.

Според него менаџерот покажа вештина да ги развива индивидуалните квалитети на фудбалерите и паралелно со тоа да го гради тимскиот дух и волјатаза победа.

Покетино одговори дека за него е чест да е тренер на тим со успеси и престиж.

„Во клубот има изобилство од исклучителни таленти“, изјави новиот менаџер на Тотенхем.

Тотенхем ќе биде воден од Аргентинец за втор пат по 1994-та година, кога на чело на тимот беше Освалдо Ардилес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП