3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКлоп го мерка Лукаку!

Клоп го мерка Лукаку!

lukaku everton2

Борусија Дортмунд го гледа фудбалерот на Челзи како потенцијално засилување и замена за Роберт Левандовски.

Ромелу Лукаку зад себе има одлична сезона во дресот на Евертон, каде настапуваше како позајмен фудбалер на Челзи.

Белгиецот вчера со хет-трик против Луксембург најави дека е во одлична форма за Мундијалот во Бразил, а неговите настапи не останаа незабележани.

И додека за неговата иднина се шпекулира, а Мурињо се распрашува за Коста, Фалкао и Лавеци, младиот Белгиец го привлекува вниманието на заинтересираните клубови.

Во овој момент не е познато што Мурињо планира со својот играч, а минатата година ја пропушти можноста да го остави во конкуренција за тимот, кој се мачеше со Торес, Демба Ба и Ето.

Во меѓувреме, конкретен интерес за младиот Белгиец прикажа Јирген Клоп, кој го смета како опција за замена за Роберт Левандовски кој кариерата ќе ја продолжи во Баерн Минхен.

Eвропските медиуми јавуваат дека Клоп веќе се распрашувал за Лукаку, но и дека покрај Белгиецот во своите планови го има Чиро Имобиле, одличниот напаѓач на Торино, кој минатата сезона постигна 21 гол и чија цена е 19 милиони евра.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП