21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИнзаги го менува Сидорф во Милан!?

Инзаги го менува Сидорф во Милан!?

AC Milan's Seedorf and Inzaghi celebrate after winning the Serie A title in Rome

Раководството на Милан е одлучено да го ослободи тренерот Кларенс Сидорф и да го замени со тренерот од младинската школа на клубот, Филипо Инзаги, тврдат водечките италијански медиуми.

Сидорф го одработува четвртиот месец од договорот кој е за наредните 2,5 години и под негово раководство се забележа извесно подобрување во резултатите на тимот, но гласините за неговата иднина се засилуваат во последниве недели.

Претседателот на Милан ,Силвио Берлускони се сретна со извршниот директор Адријано Галијани во понеделникот. Според трите главни италијански спортски дневни весници – „Газета дело Спорт“, „Кориере дело Спорт“ и „Тутоспорт“, во моментов „росонерите“ја подготвуваат промената на Сидорф.

38-годишниот Холанѓанец, кој помина десет години од фудбалската кариера во Милано, ја презеде функцијата на крајот на јануари како заменик на Масимилиано Алегри. Берлускони неколку месеци го убедуваше Сидорф, пред да го назначи на чело на тимот.

Под негово раководство „росонерите“ тргнаа во нагорна линија и запишаа 11 победи во 19 првенствени натпревари во однос на само пет триумфи во 19 средби со Алегри. Милан успеа да ја заврши сезоната на осмото место во Серија А и остана само на еден бод од квалификациите во Лига Европа.

Исто како и Сидорф, сеганегов заменик се споменува Инзаги кој нема искуство како тренер на професионален тим.

40-годишниот италијанец беше дел од нападот на Милан во текот на 11 сезони и помогна за освојување на две шампионски титули во Серија А и Лигата на Шампионите, а има и 57 натпревари за националниот тим на Италија. Инзаги е тренер на тимот на Милан до 19 години во последните две сезони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП