Македонската фудбалска репрезентација е поразена од Камерун во пријателски натпревар.
На средбата одиграна во австрискиот град Куфштајн, македонските фудбалери претрпеа пораз од Камерун со 2:0.
Головите за репрезентацијата на Камерун ги постигнаа, Пјер Вебо во 52-минута и Ерик Максим Чопо-Мотинг во 84-минута.
Единствената сериозната шанса за гол на натпреварот нашата репрезентација ја имаше во 70-минута кога Јаховиќ одлично го проигра Илијоски пред голот, но напаѓачот на Работнички биеше во противничкиот голман.
Инаку ова беше прва од двете предвидени контролни средби кои нашиот тим ќе ги одигра до крајот на овој месец, а преку кои селекторот Бошко Ѓуровски ќе треба да го создава тимот со кој ќе ги стартува септемвриските квалификации за Европското првенство во 2016 во Франција.
И за Камерунците ова беше прв контролен меч, во пресрет на Светското првенство, каде за противници во А групата ќе ги имаат, домаќинот Бразил, Хрватска и Мексико.
Следната контрола нашата фудбалска репрезентација ќе ја има во петок за кога е закажан натпреварот против селекцијата на Катар.