15 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеал не сака да го продава Ди Марија!

Реал не сака да го продава Ди Марија!

di maria angele

Европскиот клупски шампион Реал Мадрид ја отфрли желбата на италијанскиот првак Јувентус за привлекување на аргентинскиот репрезентативец Анхел ди Марија.

Генералниот директор на „бјанконерите“ Бепе Марота направил обид да започне преговори за крилото, но веднаш бил одбиен од претседателот на „кралскиот клуб“, Флорентино Перез.

Ди Марија одигра фантастично на финалето од Лигата на Шампионите против Атлетико Мадрид и беше избран за најдобар фудбалер во натпреварот. Така Аргентинецот ги убеди шефовите дека има место за него во составот на „белите“ и нема да биде продаден под никакви услови.

Јуве продолжува со потрагата на крило, што е желбата на тренерот Антонио Конте, кој го сака и чилеанскиот репрезентативец Алексис Санчез од Барселона, но и таму преговорите во овој момент се во застој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП