6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБарса ја сака ѕвездата на Атлетико Мадрид

Барса ја сака ѕвездата на Атлетико Мадрид

koke2

Тренерот на Барселона Луис Енрике, кој дојде на оваа функцијата во оваа недела, сака да го засили составот со една од ѕвездите на шампионот Атлетико Мадрид, Коке, објавија шпанските медиуми.

Според информациите, „јорганџиите“ се подготвени да се разделат со 22-годишниот играч за сума од 40 милиони евра, кои дефинитивно се во можностите на Барса.

„Каталонците“ планираат да ги надоместат трошоците за Коке при евентуалната продажба на Цеск Фабрегас, кон кој зголемен интерес пројавува Манчестер Јунајтед.

Можни алтернативи при неуспех во преговорите за Коке се Пол Погба и Артуро Видал од Јувентус, како и бразилскиот репрезентативец Луис Густаво од Волфсбург.

Во изминатата сезона Коке беше дел од 48 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 7 гола и асистираше за уште 16 од погодоците на „јорганџиите“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП