5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОPeugeot и Roland Garros: Партнерство долго 30 години

Peugeot и Roland Garros: Партнерство долго 30 години

ronalnd garos peugeot

Соработката меѓу „Peugeot“ и Француската тениска федерација започна во сега веќе далечната 1984-та или пред точно 30 години. Турнирот „Roland Garros“ се одржува од 25-ти мај до 8-ми јуни, а „Peugeot“, како партнер и официјален превозник на играчите обезбеди флота од 200 автомобили, за да се превезуваат играчите и „VIP“ публиката во текот на петнаесетте дена, што е можно поудобно и побезбедно.

„Peugeot“ секоја година како дел од својата гама претставува специјална серија „Roland Garros“. Прв пат во 1989-та година лансираше две возила со потписот „Roland Garros “, а тоа беа моделите „Peugeot 205“ и „Peugeot 405“, кои најдобро го отсликуваа имиџот на турнирот. Овогодинешните претставници на ова партнерсто се два модели, произведени во Европа и достапни на повеќе светски пазари, а тоа се „Peugeot 208“ и „Peugeot 308 CC“. Исто така, направени се и „Roland Garros“ серијата на електричен велосипед „AE21“ и „Metropolis“ – скутер на три тркала.

„Peugeot“ е бренд кој води сметка за зачувување на животната средина и се повеќе посветуваат внимание на екологијата, па тие за потребите на „Roland Garros“ на располагање ставија возила со ефикасни мотори кои ја намалуваат потрошувачката на гориво и емисијата на „CO2“. Оваа година тоа се моделите „Peugeot 3008 Hybrid3“, „508 RXH“, „2008“, „5008“, „iOn“, „RCZ“, „308“ и „308SW“, како и новата „208“ во специјална серија „Roland Garros“, но и „Expert Tepee“ наменет за колективен транспорт.

Емисијата „Road to Roland Garros“, која во 2013-та ја следеле околу 111 милиони гледачи, го снима возењето на најголемите интернационални играчи во автомобилите на „Peugeot“ од нивниот хотел до влезот на теренот. Тоа е вистински момент подобро да се запознаете со некој од играчите низ програмата која ја води глумецот Гијом Долмас. Оваа година емисијата ќе добие и музичка подлога.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП