27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДавид Луис потпишува за ПСЖ до крајот на неделата!?

Давид Луис потпишува за ПСЖ до крајот на неделата!?

luis psg

Бразилецот Давид Луис ќе стане најскапиот дефанзивец во светот. Фудбалерот на Челзи ќе потпише договор со шампионот на Франција, ПСЖ во наредните 48 часа, а „светците“ за него ќе платат 50 милиони фунти, тврди „Дејли Меил“. Ако износот се покаже како точен, тогаш Луис ќе стане најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот.

Двата клуба во моментов ги прецизираат деталите за зделката, која ќе биде првиот мегатрансфер во ова лето. Ако францускиот шампион навистина го плати износот за Бразилецот, тој ќе ги скрши претходните два рекорди за најскапи дефанзивци, кои повторно се во сопственост на ПСЖ – за Тиаго Силва и Маркињос.

По договорот за трансферната сума, „светците“ ќе побараат дозвола од селекторот на Бразил, Луис Фелипе Сколари да го пушти дефанзивецот во Париз, за да може да ги мине лекарските прегледи.

Со ова завршува сагата околку Давид Луис, тој претходно беше поврзуван со трансфер во Барселона, но и во Баерн Минхен, а секако и за неговото останување во редовите на Челзи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП