17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСања се сели во „синиот“ дел на Манчестер!?

Сања се сели во „синиот“ дел на Манчестер!?

sanja siti

Бакари Сања ги мина лекарските прегледи во Манчестер и ги договорил сите услови за преминување во шампионот на Англија, Манчестер Сити.

Договорот ќе биде за три години, а францускиот репрезентативец ќе добива по околу 150.000 илјади фунти неделно (со сите бонуси). Информацијата е на „Дејли Меил“ и се уште не е потврдена официјално од ниту една од страните.

Така Сити го престигна градскиот ривал Манчестер Јунајтед, кој според англиските медиуми, исто така имал вистински интерес за Сања, чиј договор со Арсенал истекува на крајот на следниот месец.

Французинот ќе стане уште еден играч на „топџиите“, кој поминува во Манчестер Сити. Пред тоа истото го направија и Емануел Адебајор, Самир Насри, Коло Туре и Гаел Клиши.

Официјално Сања ќе се приклучи на Сити на 1-ви јули, кога ќе биде слободен играч.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП