2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИVimeo воведе систем за заштита на авторските права

Vimeo воведе систем за заштита на авторските права

vimeo_logo222

Многу години откако сличната технологија ја имплементираше нивниот главен конкурент „YouTube“, и „Vimeo“ ја претстави својата алатка за борба против илегалните видео содржини.

Овој видео сервис претстави систем наречен „Copyright Match“, кој служи за заштита на авторските права. Во склад со својата политика за поттикнување на поставување на оргинални и квалитетни видео содржини, новиот сервис ќе се бори против дистрибуцијата на пиратски содржини, како ТВ серии, филмови или спортски настани, без добивање на авторски права за нив.

Но, иако со оваа услуга во јавноста излегуваат со прилично големо задоцнување, во „Vimeо“ одлучија тоа да го претворат во своја предност. Тие наведуваат дека ги поправиле сите недостатоци кој ги има сличниот конкурентски систем (притоа сметајќи сигурно на „YouTube Content ID“).

„Vimeo“ ќе открие кога се појавуваат видеа од други кои имаат заштитени авторски права, а прво преку „e-mail“ ќе го предупредат корисникот кој го крши тоа право.

Корисникот потоа ќе има право да ја објасни својата ситуација и евентуално да докаже дека го има добиено право за објавување на содржината, а доколку не успее во тоа, содржината ќе биде отстранета.

Ако станува збор на музички права, „Vimeo“ на корисникот ќе му понуди звучниот запис од неговото видео да го замени со музика од нивната богата колекција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП