4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГраѓаните добија интересен ултиматум од Јаја Туре

Граѓаните добија интересен ултиматум од Јаја Туре

jaja ture20

Јаја Туре им постави интересен ултиматум на шефовите на тимот. Ако тие сакаат тој да остане во тимот, мора да му понудат место во клубот по крајот на кариерата.Тоа го откри агентот Дмитриј Селнок.

За разочарувањето на халфот се спомена во оваа недела, а во неговите зборови тоа беше испровоцирано од фактот дека „граѓаните“ не се сетиле да му го честитаат роденденот на 13-ти мај. Тогаш тој наполни 31 година.

Според Селнок, за продолжувањето на договорот на Туре не станува збор за пари, туку единствено на почит, бидејќи фудбалерот сакал да се чувствува важен за клубот.

„Не станува збор и за една фунта повеќе во договорот. Станува збор за почит. Јаја сака да остане во клубот и по крајот на кариерата. Така направи Реал Мадрид со Зинедин Зидан, откако престана со фудбалот. Не сакаме ништо поразлично од тоа – ниту повисока плата, ниту некоја фунта повеќе, ништо. Само почит. Малку повеќе внимание од клубот кон Јаја и тој ќе се чувствува среќен да остане тука“, изјави Селнок.

Во последните денови излезе информација дека Барселона може да го врати фудбалерот, но од „каталонскиот“ клуб ја негираа оваа можност, иако Туре одигра одлично во оваа сезона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП