17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛиверпул подготвува понуда за Педро

Ливерпул подготвува понуда за Педро

pedro23

Ливерпул сериозно размислува да упати понуда за крилото на Барселона и репрезентацијата на Шпанија, Педро, пишува „Мирор“.

„Црвените“ ќе направат се што е можно сериозно да се зајакнат во текот на летото, бидејќи тимот ќе игра и во групите од Лигата на Шампионите во следната сезона.

Тимот од „Енфилд“ дури веќе почна дискретно да ја разгледува можноста за привлекување на Шпанецот, а од клубот разговарале со Барселона, дали Педро се продава и добиле позитивен одговор. Шпанците сепак се подготвени да го продадат својот играч само за вистинската цена, но од двата клуба не соопштија за точната понуда и побарувачка.

Педро може да игра и како крило и како напаѓач, па постои можност тој да биде на теренот истовремено со Суарез и Стариџ.

Meнаџерот на англискиот тим, Брендон Роџерс смета дека Шпанецот може да направи одлична работа за тимот со искуството со кое располага.

Со трансфер во Ливерпул е поврзуван и уште еден фудбалер на Барселона – Алексис Санчез.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП