2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРуска компанија го купува Лацио!?

Руска компанија го купува Лацио!?

AS Livorno vs SS Lazio

Италијанскиот клуб Лацио може наскоро да го смени сопственикот. Руска компанија од гасниот сектор има интерес да купи тимот, соопштува „Ла Република“.

Името на компанијата не се наведува, но се наведува дека станува збор за втората по сила по „Газпром“ компанија во Русија, а тоа е „Лукоил“, која во моментов е спонзор на Спартак Москва.

Сегашниот сопственик на Лацио, Клаудио Лотито побарал сума, не помала од 200 милиони евра. Тој ја загуби популарност меѓу навивачите кои постојано протестираа против неговото владеење во оваа сезона, вклучувајќи и на средбите со Лудогорец од Лига Европа, кога „лацијалите“ беа елиминирани од ова натпреварување.

Во веста на овој италијански медиуми се забележува дека од споменатата компанија преговарале и со неколку дргуи италијански клубови, меѓу кои бил и Лацио.

Освен со тимот од Рим, меѓу потенцијалните тимови кои може да се купат се и Болоња, Ливорно и Каљари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП