23 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО55 „ѓаволски“ милиони евра за Фабрегас

55 „ѓаволски“ милиони евра за Фабрегас

fabregas man utd

Англиските медиуми ја пренесуваат информацијата дека Манчестер Јунајтед е одлучен во летниот преоден рок да го доведе некогашниот капитен на Арсенал.

„Ѓаволите“ го посакуваа Цеск и минатото лето. Сагата за неговиот трансфер беше една од најдолготрајните, а според многумина и главната причина поради неискористениот преоден рок кој го одбележа „владеењето“ на Дејвид Мојс.

Сепак, Јунајтед несака да се откаже од Шпанецот, а на големо се шпекулира дека клубот од Манчестер повторно е заинтересиран и е подготвен уште во раната фаза од летниот пазар да го обезбеди потписот на Фабрегас.

Oдредени извори сугерираат дека Арсенал има предност при купувањето, но таа предност нема да ја искористат, туку Јунајтед со висока понуда ќе се обиде да го убеди и самиот играч емоциите да ги стави во втор план. Самиот Фабрегас неколку пати истакнуваше дека Арсенал е единствениот англиски клуб во кој би играл.

Вчера се шпекулираше дека за Цеск ќе бидат доволно да се издвојат 40 милиони евра, сепак денеска пристигнуваат информации дека таа сума е зголемена за 15 милиони.

Најверојатно Јунајтед е подготвен да издвои дури 55 милиони евра, со што ќе си го обезбеди играчот, но само доколку Луис Енрике не посака да го задржи во своите редови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП