4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНајдобрите фотографии и навивачки транспаренти од Виз Ер-Скопски маратон

Најдобрите фотографии и навивачки транспаренти од Виз Ер-Скопски маратон

skop

Избрани се најдобрата фотографија и навивачки транспарент на годинашниов 10. Виз Ер Скопски Маратон 2014.

Роберт Атанасовски освои прво место за најдобра фотографија и награда вредносен ваучер од „Најк“ во износ од 4.000 денари.

Второ место и вредносен ваучер од „Најк“ во износ од 3.000 денари освои Томислав Георгиев, а трето место и вредносен ваучер од „Најк“ во износ од 2.000 денари Ѓоко Петковски.

На конкурсот за најдобра фотографија се пријавиле 75 автори со вкупно 139 фотографии, а жири-комисијата одбрала 12 финалисти.

Злата Ѓуровска Брајовиќ освои прво место и награда Виз Ер билет на конкурсот за најдобар навивачки транспарент.

Второ место и награда десет книги од издавачката куѓа „Темплум“ во вредност од 3.000 денари освои Огнен Јовановски, а трето место и награда пет книги од издавачка куќа „Темплум“ во вредност од 1.500 денари освои Ана Петровска.

На конкурсот за најдобар навивачки транспарент се пријавиле 36 автори со вкупно 48 транспаренти, а жири-комисијата одбрала десет финалисти.

На годинашниов Виз Ер Скопски Маратон трчаа повеќе од 6.000 учесници во сите трки. Виз Ер Скопски маратон изразува благодарност до сите креативни граѓани кои учествуваа на конкурсите.

Финалистите на конкурсите можат да се погледнат на следниве линкови:

http://skopskimaraton.com.mk/fotografija2014

http://skopskimaraton.com.mk/transparent2014

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП