29 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНаследникот на Тата Мартино во Барса е Луис Енрике

Наследникот на Тата Мартино во Барса е Луис Енрике

luis potpis

Луис Енрике официјално е новиот тренер на Барселона. Поранешниот шпански репрезентативец и фудбалер на „каталонците“, денеска го потпиша својот договор со клубот. Договорот е за период од две години.

Луис Енрике Мартинез Гарсија е роден на 8-ми мај 1970-та година во Хихон, Шпанија. Како адолесцент настапувал за локалниот Спортинг, по што е пратен на позајмица во „Ла Барана“. Професионалниот пат му започнува токму во Хихон во 1989-та година. За две сезони постигна 14 гола на 36 натпревари.

Следува најголемиот трансфер, пет сезони во Реал Мадрид, а за „кралевите“ одигра 157 средби со 15 постигнати погодоци.

Во 1996-та е привлечен од Барселона. За осум години во дресот на „каталонците“, Луис Енрике се запиша 73 пати на 207 средби. За националниот тим на Шпанија има 62 дуели со 12 гола.

Тренерската кариера ја започна во 2008-та, каде до 2011-та го води вториот тим на Барселона. Потоа ја презема Рома, но не успеа да се справи и по една сезона направи пауза од една година. На 8-ми јуни 2013-та е прогласен за тренер на Селта. Во својата прва и единствена сезона во Примера неговиот тим заврши на деветтото место.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП