9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРекордна година за Lenovo

Рекордна година за Lenovo

lenovo rek

Кинескиот производител на компјутери „Lenovo“ во фискалната година 2013/14 оствари скок на профитот од 29 проценти, благодарејќи на рекордната продажба на паметни телефони.

Нето профитот во изминатите 12 месеци заклучно со март порасна на 817,23 милиони долари, а приходите се зголемени за 14,3 отсто или на 38,71 милијарда долари, соопштија од компанијата.

„2013/14 беше уште една рекордна година за „Lenovo“, што покажува дека можеме да растеме и да ги исполнуваме своите обврски, без оглед на пазарните услови“, изјави претседателот и извршен директор на компанијата, Јанг Јуанчинг.

„Lenovo“ e лидер на светскиот пазар на персонални компјутери со 17,7 проценти удел, но планира да го пренасочи фокусот на таблет уреди и смартфони. Јанг наведува дека целта на компанијата е да стане трет по големина играч на глобалниот пазар на паметни телефони, по аквизицијата на американската компанија „Motorola“, која „Lenovo“ ја купи од „Gооglе“ зa 2,91 милијарди долари во јануари, иако трансакцијата се уште не е комплетирана.

„Lenovo“ минатата година продаде повеќе од 50 милиони смартфони, што претставува раст од 72 отсто на годишно ниво. Групацијата во Кина оствари 38 проценти од вкупниот приход, во Северна и Јужна Америка 21 отсто, а во Европа, Африка и Блискиот исток 25 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП